Анџелина Џоли ја посети Кенија по повод Светскиот ден на бегалците.
Во улога на aмбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), 42-годишната актерка одржа говор во кој го потенцираше проблемот со сексуалното насилство.
Џоли отпатува во Африка за да го надгледува напредокот за нејзината иницијатива против сексуалното насилство, која ја започна во 2012 година.






