Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 17-годишната Тереза е новата Мис Америка за 2011

ФОТО: 17-годишната Тереза е новата Мис Америка за 2011

Америка доби нова кралица на убавината. 17-годишната Тереза Скенлан од Небраска ја доби титулата Мис Америка на 90-тиот по ред натпревар за убавина.

Со тоа Тереза стана најмладата носителка на оваа титула по 1938 година, кога била определена возрасна граница за учество.

Тереза СкенланТереза Скенлан Тереза СкенланТереза Скенлан

Свечената манифестација на која се натпреваруваа 53 убавици се одржа вчера во Лас Вегас.

Тереза СкенланТереза свири на пијано за време на оценувањето на талентите на учесничките

Тереза ги освои членовите на жирито откако покажа дека е одлична пијанистка и откако прошета по сцената по црн костим за капење и бела вечерна тоалета. Нејзиниот став во однос на Wikileaks, т.е. дека безбедноста треба да биде секогаш пред правото на јавноста за пристап до владини информации, сигурно ѝ обезбеди дополнителни поени.

Тереза СкенланТереза по бикини Тереза СкенланТереза по вечерна тоалета

Младата Тереза освен што ја доби тијарата од минатогодишната победничка Кареса Камерон, освои и награда од 50 000 долари.

Петте финалисткиПетте финалистки: Мис Хаваи, Мис Вашингтон, Мис Небраска, Мис Оклахома, Мис Арканзас

Мис Арканзас, Алис Иди, како второпласирана доби 25 000 долари, а Мис Хаваи, Џели Фјушилер, за третото место освои награда од 20 000 долари.

Мис Арканзас по бикиниМис Арканзас по бикини Мис Хаваи по бикиниМис Хаваи по бикини

Прогласувањето на победничката

Топ 5 прашања за финалистките

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11102 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.