Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мексиканката Химена е новата „Мис Универзум“

Мексиканката Химена е новата „Мис Универзум“

Вчера во Лас Вегас, Невада се одржа 59. натпревар за убавина „Мис универзум“ во којшто учествуваа 83 убавици од цел свет.

22-годишната Химена Наварете од Мексико успеа да ја освои титулата „Мис Универзум 2010“, освојувајќи ја публиката не само со својата убавина, туку и со својот интелект.

Прекрасната бринета ја доби круната од минатогодишната победничка Стефаниа Фернандез. Во фантастична асиметрична тоалета на Sherri Hill, Химена блескаше на сцената.

Химена НаваретеПобедничката на „Мис Универзум 2010“ – Химена Наварете

„Избрав црвен фустан затоа што оваа година Мексико слави 200 години од независноста и оваа боја има многу големо значење“ – објаснила таа пред одржувањето на изборот.

За прва придружничка на Химена е избрана Јенди Филипс од Јамајка, а за втора – Џесинта Кемпбел од Австралија.

Топ 5 кандидатки за „Мис Универзум“

Прогласувањето на победничката

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.