Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мис Амазон: Првата придружничка ѝ ја грабна круната на мисицата и ја фрли во знак на револт

Мис Амазон: Првата придружничка ѝ ја грабна круната на мисицата и ја фрли во знак на револт

Бразилскиот натпревар за убавина Мис Амазон 2015 имаше незгоден крај. Додека организаторите ја крунисуваа победничката, првата придружничка ѝ ја грабна тијарата од главата и ја фрли на сцената.

Скандалот се случил откако судиите ги соопштиле резултатите од изборот и Каролина Толедо била прогласена за победничка. Одбивајќи да го прифати поразот, првата придружничка Шеслејн Хајала решила на скандалозен начин да покаже пред присутните дека првопласираната не ја заслужува круната и дека изборот е наместен. „Таа не ја заслужува титулата“ – изјавила Шеслејн.

Откако бунтовната учесничка ја напуштила сцената, организаторите ѝ ја вратиле круната на победничката.

Мис Амазон ќе учествува на изборот Мис Бразил. Сè уште нема информации дали ќе има последици за однесувањето на Хајала и дали таа ќе си ја задржи титулата прва придружничка на Мис Амазон 2015 година.

Лево: Победничката. Десно: Револтираната прва придружничкаЛево: Победничката. Десно: Револтираната прва придружничка Мис Амазон Мис Амазон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.