Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Американката Александрија Милс е Мис на светот 2010

Американката Александрија Милс е Мис на светот 2010

Американската тинејџерка Александрија Милс ја освои титулата Мис на светот 2010.

Таа во саботата беше прогласена за победничка на популарниот натпревар за убавина. 18-годишната Американка победи 114 убавици од цел свет и ја презеде круната од минатогодишната победничка Кајане Алдорино.

Мис на светотАлександија Милс е Мис на светот 2010

Милс победи доста неочекувано на 60-тиот по ред натпревар кој се одржа во Кина. Ема Вареус од Боцвана го доби второто место, а Адриана Васини од Венецуела третото.

„Можеби е клише, но ова навистина е сон што ми се оствари. Не можам да поверувам дека ми се случува мене. Дојде моето време“ – изјавила низ солзи Милс откако било прочитано нејзиното име.

И многу други луѓе не можеа да поверуваат дека токму Александрија Милс е добитничка на титулата Мис на светот, а дека фаворитката Мериан Биркедал од Норвешка не успеа да влезе ниту меѓу првите пет.

Според многумина, ваквиот избор има политичка заднина и се смета дека нарушените односи меѓу Кина и Норвешка се причина фаворитката да не успее да стигне до крајот.

Македонија ја претставуваше 20-годишната Стефани Борсова.

Прогласувањето на победничката

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.