Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Фиби“ наполни 60 години: Џенифер Анистон и Кортни Кокс со слатки пораки за роденденот на Лиса Кудроу

„Фиби“ наполни 60 години: Џенифер Анистон и Кортни Кокс со слатки пораки за роденденот на Лиса Кудроу

Иако серијата „Friends“ (Пријатели) престана да се снима пред речиси 20 години, пријателството меѓу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу не заврши.

По повод 60-тиот роденден на Лиса, која се прослави по улогата на Фиби, двете актерки напишаа слатки пораки на Instagram за нивната пријателка.

„Ве молам придружете ми се во славењето на една од моите омилени личности на планетата. Лиса Кудроу. Таа ми е пријателка и семејство речиси 30 неверојатни години. Те почитувам и те сакам. Една од најталентираните актерки со која сум имала чест да работам сите овие славни години и многуте што доаѓаат“ – напиша Анистон.

54-годишната ѕвезда позната по улогата на Рејчел сподели и фотографии со Лиса.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу

„Среќен роденден... Ти си најпаметната, најзабавната и најгрижливата личност. Секогаш се чувствувам видено и сакано кога сум покрај тебе. Тоа е дарот кој им го даваш на оние кои ги сакаш“ – напиша Кортни, која за снимањето на „Пријатели“ влезе во улогата на Моника.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу

Серијата „Пријатели“ се снимаше 10 години, од 1994 до 2004 година. Покрај Лиса, Џенифер и Кортни, во главните улоги беа и Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.