Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ферги се отвори за зависноста од дрога: „Халуцинирав секојдневно. Ќе седев и ќе видев пчела или зајаче“

Ферги се отвори за зависноста од дрога: „Халуцинирав секојдневно. Ќе седев и ќе видев пчела или зајаче“

Ферги се отвори за најтешките моменти во нејзиниот живот во најновото интервју за iNews. Поранешната членка на групата Black Eyed Peas, зборуваше за зависноста од дрога и грижата за синчето по разводот од Џош Духамел.

42-годишната пејачка открила дека долг период била зависна од метамфетамин и дека секојдневно халуцинирала, како последица на дрогата.

Ферги

„Страдав од хемиски индуцирана психоза и деменција. Халуцинирав секојдневно. Потребно беше да помине една година откако престанав да ја употребувам таа дрога за хемикалиите во мојот мозок да се смират и да престанат да ми се привидуваат работи. Ќе седев и ќе видев пчела или зајаче“ – изјавила таа.

„Дрогата беше пеколно многу забавна... сè дури не престана да биде. Но, знаете што, му благодарам на денот кога тоа се случи. Бидејќи тоа е мојата сила, мојата верба, мојата надеж за нешто подобро“ – додала таа.

Ферги

За списанието Time, Ферги во 2006 година изјави: „Тоа ми беше партнерот со кого ми беше најтешко да раскинам. Тоа е дрога која предизвикува зависност, но тоа е и главната причина поради која започнуваш да ја користиш.“

Ферги

Славната музичарка зборуваше и за животот по разводот со Џош, со кого беше во брак 8 години, и грижата за нивното синче по разделбата.

„Јас и Џош работиме полно работно време, па ако сте родител со полно работно време ќе знаете што доживуваме. Станува тешко и се уморуваме, но даваме сè од себе за да се погрижиме нашето дете да не почувствува ништо друго освен љубов“ – објаснила Ферги.

Ферги и Џош

Нивниот син Аксел се роди во август 2013 година.

Ферги

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.