Пенелопе Круз изгледаше фантастично на црвениот тепих во Париз.
На настан за промоција на новиот филм „L'Immensita“, 48-годишната актерка зачекори во шик мини креација од омилениот бренд Шанел.
Во својот стајлинг, Пенелопе додаде впечатливи висечки обетки, црна панделка во косата и црна чантичка.
Круз доби лавина комплименти за својот изглед.














