Пенелопе Круз и Хавиер Бардем беа ѕвезди на црвениот тепих на премиерата на нивниот заеднички филм „Loving Pablo“ на Филмскиот фестивал во Венеција.
43-годишната актерка шармираше во бела креација од високата мода на Версаче. Нејзиниот стајлинг беше надополнет со блескав накит од Шопард.
Парот е во брак седум години.
„Loving Pablo“ ја следи романсата на новинарката Вирџинија со колумбискиот наркобос Пабло Ескобар.
