Северина имаше турбулентна година, но ја заврши во друштво на најважните мажи во нејзиниот живот – синчето Александар и сопругот Игор Којиќ.
Новата година хрватската пејачка ја дочека во Пореч, каде имаше свој настап.
Таа сподели фотографија со синчето и сопругот заедно со порака.
Што ќе понесеш со тебе во Новата година?
Не носи со себе товар, понеси само прилики!
Понеси радост, надеж и утеха.
Времето поминува и луѓето си заминуваат, моментално или засекогаш, но убави нешта се паметат секогаш.
Секогаш носи ги во дното на своето срце луѓето кои си ги сретнал, кои ти кажале убави зборови, ти поклониле насмевка, охрабрување.
Сети се на луѓето кои те повредиле, тие ќе те научат каков е навистина животот.
Немој да жалиш што е уште една година зад тебе, радувај се на убавите денови во таа година, радувај се на сè што ти подарил животот.
Колку многу не го дочекале овој ден, но ти да!
Речи фала и повтори уште еднаш фала!
Колку пати и да го повторуваш, никогаш не е доста.
Знаеш зошто?
Затоа што животот е навистина сè што имаш!
Среќна нова 2020 година!
Пред еден месец беше објавено дека Северина ја изгуби битката за старателство над Александар, кое судот му го додели на неговиот татко Милан Поповиќ.
47-годишната ѕвезда мамеше погледи во дамски црвен стајлинг со шешир.


