Џулија Робертс зрачеше со харизма на доделувањето на Critics' Choice Awards.
За манифестацијата која се одржува по 28-ми пат, 55-годишната актерка избра гламурозна креација со долги ракави.
Црниот фустан со златни детали е дело на модната куќа Schiaparelli. Својот изглед, холивудската ѕвезда го зачини со накит од Chopard.



Џулија беше номинирана за улогата во „Gaslit“ во категоријата Најдобра актерка во лимитирана серија или филм направен за телевизија. За жал, не успеа да ја понесе наградата.











