Мерјем Узерли радосно ја започна 2021 година. Славната актерка, кај нас позната како Хурем Султан од „Величествениот“, го роди своето второ дете.
На Instagram, 37-годишната телевизиска ѕвезда ги сподели првите фотографии со новороденото бебенце.

„Вчера, 8 јануари 2021 година. Најдрага Лили... јас, тато и Лара сме среќни што ти посакавме добредојде во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи. Биди заштитена засекогаш“– пишува во описот. Узерли сè уште нема откриено кој е таткото на бебенцето.


Минатиот месец, Узерли сподели дека е во блажена состојба со трудничка фотосесија со ќеркичката Лара.


6-годишната Лара е дете на Мерјем со Џан Атес, од кого се раздели поради неверство.