Мерјем Узерли е повторно бремена. Турската актерка, која кај нас се прослави со улогата на Хурем Султан во „Величествениот“, го очекува своето второ дете.
37-годишната ѕвезда го покажа трудничкото стомаче во последниот триместар од бременоста за фотосесија. На дел од фотографиите се појавува и нејзината ќеркичка Лара.



6-годишната Лара е дете на Мерјем со Џан Атес, од кого се раздели поради неверство.




