Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Трчав сред ноќ за да бидам послаба“: Никол Шерцингер се отвори за борбата со булимијата

„Трчав сред ноќ за да бидам послаба“: Никол Шерцингер се отвори за борбата со булимијата

Многу девојки копнеат да го имаат телото на Никол Шерцингер, но 39-годишната ѕвезда не била отсекогаш задоволна со изгледот.

Убавата пејачка сними фотосесија за септемвриското издание на „Cosmopolitan“, а во интервјуто за списанието зборуваше за осумгодишната борба со булимијата.

Никол Шерцингер

Атрактивната поранешна членка на The Pussycat Dolls изјавила дека се чувствувала заробена поради нарушувањето во исхраната. „Тоа беше како да сум во затвор, ми ја украде среќата, самодовербата и спомените“ – вели Шерцингер.

Никол Шерцингер

„Сега повеќе си го прифаќам телото. На рана возраст, секогаш се критикував себеси и кога имав 14 години, започнав да трчам. Одев надвор на сред ноќ и трчав, бидејќи мислев дека треба да бидам послаба и дека бутовите треба да ми изгледаат на одреден начин.“

„Кога започнавме со The Pussycat Dolls, тоа уште повеќе се засили, бидејќи постојано моравме да го покажуваме телото. Но, треба повеќе да се прифаќаме и цениме себеси. Не бидете строги кон себе и сакајте си ги облините“ – додала девојката на бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Никол Шерцингер

„Секоја жена има добри и лоши денови. Она што ми помага е вежбањето. Дури и кога не е долго, сакам кога се потам, бидејќи ме држи фокусирана и позитивна“ – објаснила таа.

Булимијата претставува сериозно, потенцијално животозагрозувачко нарушување во исхраната. Лицата кои страдаат од булимија редовно се прејадуваат, а потоа на нездрав начин се обидуваат да се ослободат од внесените калории, со цел да избегнат зголемување на телесната тежина.

По епизодите на неконтролирано внесување на големо количество храна, лицата со булимија ја исфрлаат храната со форсирано повраќање или прекумерно користење на лаксативи и диуретици. Некои лица ги согоруваат дополнителните калории со екстремно вежбање.

Никол за првпат проговори за булимијата пред пет години, кога призна: „Го правев тоа секој ден, со години. Секогаш кога имав шанса да останам сама. Од тоа добиваш плускавици на рацете или лузни на рацете. Се обидував да ги сокријам. Мислам дека девојките можеа да видат што се случува. Се мразев себеси, се мразев себеси. Чувствував одвратност од себе, чувствував срам, бев толку осамена. Бев во група, а се чувствував поосамена отсекогаш“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11566 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.