Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Три генерации заедно: Кејт Хадсон со мајка си Голди Хоун и ќеркичката Рони Роуз на насловната страница на People

Три генерации заедно: Кејт Хадсон со мајка си Голди Хоун и ќеркичката Рони Роуз на насловната страница на People

За првпат, на насловната страница на изданието на People посветено на убавината се појавија три генерации заедно.

Кејт Хадсон позираше со слатката ќеркичка Рони Роуз и мајка си Голди Хоун. На фотографијата, двете актерки се прегрнуваат додека едногодишното девојче неодоливо се смее во скутот на мајка си.

Кејт Хадсон

„Голема е радоста да се слави УБАВИНАТА на семејството во People – The Beautiful Issue. Со Мама и Рони Роуз ја снимивме оваа насловна пред неколку месеци, но светот воопшто не знаеше дека сите ќе мораме да се дистанцираме од дел од семејството на некое време. Некои можат да бидат во карантин едни со други, но некои, за жал, не можат. Силата на семејството е сè!“ – напиша Хадсон на Instagram.

Кејт Хадсон

Од People споделија видео од снимањето на фотосесијата и интервјуто.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.