Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кејт Хадсон го покажа дијамантскиот прстен и ја објави свршувачката

Кејт Хадсон го покажа дијамантскиот прстен и ја објави свршувачката

Бремената Кејт Хадсон гостуваше во шоуто „Today“ за да го промовира нејзиниот најнов филм „Something Borrowed“, но филмот не беше темата по која ќе биде запаметено нејзиното интервју. 32-годишната актерка непланирано објави дека е свршена со рокерот Метју Белами, откако водителот го забележа големиот дијамантски прстен на нејзината рака.

Мет Лауер и Кејт ХадсонМет Лауер и Кејт Хадсон

„Се свршив! Тоа се случи пред една недела. Мило ми е што забележа. До сега немав објавено...Чекав некој да забележи“ – изјави среќната Кејт, која не се обидуваше да го сокрие големиот прстен.

Свршеничкиот прстен на КејтСвршеничкиот прстен на Кејт

Водителот Мет Лауер очигледно беше заслепен од големиот скапоцен камен за кој Us Weekly објави дека чини 200 000 долари. Иако водителот се обиде да дознае повеќе детали за свршувачката, Кејт само откри дека било многу слатко и романтично.

Кејт и Метју се заедно околу една година и го очекуваат своето прво дете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.