Гвинет Палтроу со ќерка си и мајка си присуствуваше на настан во Хемптонс организиран од нејзината компанија Goop и Gucci.
На вечерата во приватна резиденција, 50-годишната актерка позираше со 19-годишната ќерка Епл и со 80-годишната мајка Блајт Данер. Гвинет носеше креација од Gucci, додека Епл беше облечена во фустанче од Goop кое го искомбинира со чанта од Gucci.






Епл е ќерка на Гвинет од нејзиниот брак со поранешниот сопруг Крис Мартин. Тие заедно имаат уште еден син.
Познатата актерка сега е во брак со Бред Фелчак.





