Селена Гомез сподели дел од свадбениот албум со своите фанови.
На фотографиите, 33-годишната пејачка романтично танцува со својот сакан, позира со едноставната свадбена торта и покажува скриен детаљ на својот фустан со специјална посвета на нејзиниот сопруг Бени Бланко.
 
 
 
 
33-годишната пејачка носеше три венчаници од Ралф Лорен во кои изгледаше неверојатно. Меѓу сите 300 рачно извезени цветови на вториот фустан, кој Селена го облече за својот специјален ден, се криеше срце со нивните иницијали, „S+B“.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Присутните на свадбата ја опишаа церемонијата како емотивна, забавна и опуштена. Меѓу славните гости беа Тејлор Свифт, Ед Ширан, Парис Хилтон, Камила Кабејо, Кара Делевињ, Стив Мартин и Зои Салдана.
 
Двојката започна врска во јуни 2023, а во декември 2024 ја објави веридбата.
 
 
 
		 

 
 
 
 
