Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Тотална загуба на време, жалам за филерите“: Кортни Кокс искрена за козметичките зафати на лицето

„Тотална загуба на време, жалам за филерите“: Кортни Кокс искрена за козметичките зафати на лицето

Кортни Кокс повторно искрено зборуваше за инјекциите и козметичките процедури кои си ги направи на лицето во обид да се подмлади.

59-годишната ѕвезда од „Пријатели“ рече дека жали што попушти пред притисокот да си стави филери на лицето и дека тоа било само загуба на време. Кокс долг период не сфаќала колку многу се променила, бидејќи ги правела процедурите една по една. Таа вели дека кога еднаш ќе се започне со промени, има домино ефект кој не престанува.

Кортни Кокс Кортни Кокс

„Кога станува збор за убавината, најмногу жалам за филерите. Постои многу голем притисок во индустријата да останеме младолики, па кога еднаш ќе започнеш, има домино ефект и бараш повеќе.“

„За остатокот од светот, твоето лице очигледно се менува, но ти не забележуваш затоа што ги правиш процедурите една по една. Беше тотална загуба на време и посакувам да не попуштев на притисокот да ги направам“ – рекла таа.

Кортни Кокс Кортни Кокс

Кортни престанала со козметичките зафати во 2017 година и оттогаш се стреми да старее природно и покрај тоа што пробува различни производи на лицето.

„Има период кога си велиш: ‘Леле, се менувам. Изгледам постаро. Со години се обидував да ја задржам таа младоликост. Всушност, не сфаќав дека изгледам навистина чудно поради инјекции и правење нешта на моето лице кои сега никогаш не би ги направила“.

„Сфаќаш за што ти зборувале пријателите. Мислам дека луѓето зборуваа за мене. Имаше период кога велев дека морам да престанам, дека ова е лудо“ – рече таа во интервју минатата година.

Кортни Кокс Кортни Кокс Кортни Кокс Кортни Кокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25599 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.