Почетна » Новости » Актуелно » Кина развива сурогат робот со вештачка матка кој може да износи и роди бебе

Кина развива сурогат робот со вештачка матка кој може да износи и роди бебе

Она што во минатото беше само научна фантастика, сега се чини дека станува реалност.

Кинеските медиуми споделуваат дека тамошните научници работат на создавање на првиот „бремен“ робот, хуманоиден сурогат кој, според најавите, би можел да симулира човечка бременост и потенцијално да „роди“ бебе.

робот

Машината со вештачка матка треба да добива нутриенти преку комплексна мрежа од цевки и туби и ќе може да носи бебе околу 10 месеци.

Проектот го води д-р Жанг Чифенг, основач на компанијата Kaiwa Technology во Гуангжу.

„Технологијата на вештачката матка веќе е во напредна фаза и сега треба да биде имплантирана во стомакот на робот за човекот и роботот да соработуваат за да се постигне бременост, овозможувајќи фетусот да расте во внатрешноста“ – рекол Чифенг.

робот робот

Наводно, цената на хуманоидните роботи ќе биде околу 10.000 евра, што е далеку пониска сума од онаа која вистинските сурогат-мајки ја добиваат во земји како САД и која може да достигне до 200 илјади долари.

робот

Развојот на овој хуманоиден робот потсетува на филмот „The Pod Generation“ од 2023 година, во кој технолошки гигант им нуди на паровите можност да користат вештачки матки за да ја споделат бременоста.

Замислете свет во кој раѓањето дете не е повеќе само човечко искуство. Можете ли?

робот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28436 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.