Кортни Кокс се отвори за период од нејзиниот живот кога сфатила дека „изгледа чудно“ поради бројните козметички зафати на лицето.
57-годишната ѕвезда од „Пријатели“ во интервју за списанието Sunday Times Style зборуваше за моментите кога сфатила дека треба да престане со вештачките промени на лицето, бидејќи тоа што го правела било „лудо“.


„Има период кога си велиш: ‘Леле, се менувам. Изгледам постаро. Со години се обидував да ја задржам таа младоликост. Всушност, не сфаќав дека изгледам навистина чудно поради инјекции и правење нешта на моето лице кои сега никогаш не би ги направила“.
„Сфаќаш за што ти зборувале пријателите. Мислам дека луѓето зборуваа за мене. Имаше период кога велев дека морам да престанам, дека ова е лудо“ – рекла таа.
Иако тврди дека одамна се откажала од инјекциите и козметичките зафати, Кортни признава дека постојано испробува нови производи на лицето, бидејќи сè уште си создава притисок да изгледа добро.

Запрашана како се чувствува поради фактот дека наближува нејзиниот 60-ти роденден, Кокс рекла:
„Боже, толку ми е тешко да го слушам или да го изговорам тоа. Не ми се верува. Нема ништо лошо во тоа да имаш 60, но не можам да поверувам. Времето лета. Нема сомнежи дека сум поприземна , дека научив толку многу нешта во мојот живот – во што да уживам, што да правам повеќе, а од што да се откажам.“
„Се чувствувам како да сум млада. Имам многу пријатели во нивните 30-ти години и не размислувам на тоа. За мене, ние сме на иста возраст сè додека не го научам тоа“.
