Том Хенкс и Рита Вилсон присуствуваа на прикажувањето на нивниот заеднички филмски проект „A Man Called Otto“ во Менхетн.
66-годишните актери, кои се во брак повеќе од 34 години, беа придружувани од нивниот помал син Труман. 27-годишното момче ја има првата поголема улога во филм и ја игра помладата верзија на главниот лик Ото, кој инаку е портретиран од неговиот татко.





Филмот е римејк на шведскиот филм „A Man Called Ove“, базиран на истоимената книга.



Рита соработуваше со Колумбиецот Себастијан Јатра за песната „Til You’re Home“ од саундтракот за филмот.

Трејлер за „A Man Called Otto“
