Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ти си доказ дека постојат ангели во човечки облик“: Тони Цетински со емотивна порака за Тоше Проески

„Ти си доказ дека постојат ангели во човечки облик“: Тони Цетински со емотивна порака за Тоше Проески

Тони Цетински сè уште тажи за својот непреболен пријател – нашиот ангел Тоше Проески. 50-годишниот хрватски пејач објави емотивна порака за 12-годишнината од неговата смрт.

„Беше и остана доказ дека постојат ангели во човечки облик и засекогаш остануваат тука покрај нас“ – стои во неговата порака.

Тони и Тоше

Тоше ЗАСЕКОГАШ

Секоја година ни доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го дознаеме, слушнеме, а ни почувствуваме, но сепак немилосрдно доаѓа и нè потсетува колку сме кревки и дека никогаш не знаеме што ни носи следниот ден.

Многу е тешко да прифатиме дека еве веќе дванаесетта година те нема тука. Наша единствена надеж е тоа што беше и остана доказ дека постојат ангели во човечки облик и засекогаш остануваат тука покрај нас.

Секогаш сакам да кажувам и да повторувам, дека беше навистина посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромност, дела, сигурен сум дека ангелите се тука со нас и се во човечки облик. Беше еден од оние луѓе кои ја враќаат вербата во човештвото, во ангели кои одат на земјата.

Тука, на земјата, можеше многу повеќе од тоа, но сè ќе надокнадиме кога еден ден ќе се сретнеме горе во вселената, на некоја полјана.

Драг Тоше те сакаме до последен здив. Засекогаш брату мој!

Цетински ја сподели и српската верзија на песната на Тоше „Игри без граници“.

Тони и Тоше заедно ја снимија песната „Лагала нас мала“.

Тони и Тоше Тони и Тоше

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10293 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.