Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ти си ангел на добрината“: Тони Цетински со емотивна порака за Тоше Проески 13 години по неговата смрт

„Ти си ангел на добрината“: Тони Цетински со емотивна порака за Тоше Проески 13 години по неговата смрт

Тони Цетински имаше многу близок пријателски однос со Тоше Проески, па се растажува кога и да се наближи датумот на неговата смрт.

51-годишниот хрватски пејач напиша емотивна порака за непреболената македонска ѕвезда и трогна многумина.

Тони и Тоше

13 долги години.

На утрешен ден, некаде во ова време, ти нè напушти физички, но само физички, брате мој. Не можам да поверувам колку многу ни недостигаш и ден-денес и колку ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер...

Ме прашуваш каде сум и што правам?

На пат сум и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж која ни е потребна на сите во ова денешно чудно и злобно време. Ќе биде добро сè дури те имаме тебе, кој нè чуваш со твоето присуство, песни и сите добрини кои ги остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината.

Знам дека нè чуваш и треба да знаеш дека секогаш си во нашите молитви.

Те сака братот!

“13 dugih godina” Sutra negdje u ovo vrijeme napustio si nas fizički ali samo fizički brate moj. Ne mogu vjerovati...

Posted by Tony Cetinski on Wednesday, October 14, 2020

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.