Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тејлор Свифт со роденденски подарок израдува медицинска сестра која се грижи за заболени од коронавирус

Тејлор Свифт со роденденски подарок израдува медицинска сестра која се грижи за заболени од коронавирус

Тејлор Свифт е позната по своите изненадувања за фановите.

Овој пат, 30-годишната музичарка одлучи да ја израдува медицинската сестра Витни Хилтон за нејзиниот роденден и ѝ напиша порака за да ѝ се заблагодари за нејзината улога во борбата со КОВИД-19. Популарната пејачка ѝ испрати кутија полна со маици со својот лик, како и рачно напишана порака.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

„Сакав да ти испратам подароци за да ти кажам колку ти сум благодарна. Не можам да ти се заблагодарам доволно што си го ризикуваш животот за да им помагаш на луѓето и што гласно ја шириш пораката дека луѓето треба да го сфатат ова сериозно. Видов и фотографија од тебе на мој концерт! Ти благодарам што дојде. Следниот пат, би сакала да те гушнам и лично да ти се заблагодарам“ – напишала Свифт.

Пораката, заедно со фотографии од изненадувањето, ја објави самата Витни на социјалните мрежи.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

„Сакам јавно да ѝ се заблагодарам на Тејлор Свифт што за мојот 30-ти роденден ми испрати кутија полна со маици и персонализирано писмо напишано од неа за тоа што отидов во Њујорк да помагам како медицинска сестра. Ова ми е најдобриот ден во животот“ – напиша Витни.

Тејлор Свифт

Њујорк беше најтешко погоден од коронавирусот во САД.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10378 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.