Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 170 милиони долари за само една година: Тејлор Свифт е ѕвездата со најголема заработка

170 милиони долари за само една година: Тејлор Свифт е ѕвездата со најголема заработка

Богатството на Тејлор Свифт се зголемува со вртоглава брзина. 26-годишната музичка ѕвезда за само една година додаде на својата сметка 170 милиони долари и со тоа стана најплатената славна личност за 2016 година според Forbes.

Најголемиот дел од профитот на популарната пејачка доаѓа од нејзината светска турнеја „1989“, како и од договори со Diet Coke, Keds и Apple.

Тејлор Свифт

Листата е направена врз основа на заработката на сите славни личности во периодот од јуни 2015 до јуни 2016 година.

Минатата година таа беше на осмото место на листата на најплатени ѕвезди од шоу-бизнисот со заработка од 80 милиони долари.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт

На второ место застана популарната британска група „One Direction“ (110 милиони долари), а третото место му припадна на писателот Џејмс Патерсон (95 милиони долари).

Кристијано Роналдо е на 4-тото место со 88 милиони долари, Адел го зазеде 9-тото место со 80,5 милиони долари, а Мадона е на 12-тото место со 76,5 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9478 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.