Тејлор Свифт знае како да го награди трудот и добрата работа.
33-годишната музичарка им даде бонуси со вкупна вредност од 55 милиони долари на сите луѓе кои работат за неа на турнејата „The Eras“. Камионџии, танчари, техничари за звук... сите добија парични награди од дарежливата пејачка.


TMZ објави дека пред нејзиното шоу викендов таа им подарила по 100 илјади долари на возачите на камионите ангажирани од неа. Нејзиниот татко им ги поделил чековите на 50-те камионџии заедно со рачно напишани писма од Тејлор.
„Неверојатно е што го одделија тоа време и многу значи нашиот персонал да добие признание“ – рекол шефот на компанијата за која работат шоферите.


Добитничката на Греми ја започна турнејата во март годинава, а нејзините концерти ги имаат посетено многу познати личности.


