Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тејлор Свифт во костум Версаче ја прими наградата „Икона“ и одржа инспиративен говор за тинејџерите

Тејлор Свифт во костум Версаче ја прими наградата „Икона“ и одржа инспиративен говор за тинејџерите

Тејлор Свифт беше прогласена за „Икона“ на доделувањето на Teen Choice наградите.

На тинејџерскиот настан на плажа во Калифорнија, 29-годишната пејачка шармираше во впечатлива модна комбинација од Версаче и сандали од Кет Мекони.

Тејлор беше номинирана во уште осум категории, но дома си замина само со сурферската даска за „Икона“.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт

За време на својот говор, младата музичарка ја истакна важноста на борбата за родова еднаквост и им се обрати на тинејџерите за да им порача дека грешките се составен дел од животот.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

„Сакам да им се обратам на моите фанови. Вие многу ме усреќувате, ме смеете онлајн секој ден и обожавам кога ве запознавам. Ви благодарам што ми го дадовте животот што го имам. Знам дека вие сте причината што го имам овој живот и што можам да го правам она што го сакам.“

„Мислам дека единственото нешто што посакувам да го знаев како тинејџерка е дека грешките се неизбежни. Понекогаш, си мислиш ако се трудиш доволно силно секоја одлука да ти биде совршена, дека ќе го победиш животот и никогаш нема да направиш грешка. Но, нормално е да грешиш. Ако сте таму некаде и сте премногу строги кон себе поради нешто што се случило, или сте во каша или се чувствувате засрамено, тоа е нормално. Тоа ќе ви се случува во животот. Никој не поминува неповреден. Сите ќе имаме неколку гребаници на нас... Ве молам, бидете љубезни кон себе и борете се за себе“ – рече Свифт.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт Тејлор Свифт

Тејлор го држи рекордот за најнаградуван артист на Teen Choice Awards.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.