Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тејлор Момсен и Џесика Зор не се веќе дел од екипата на „Gossip Girl“

Тејлор Момсен и Џесика Зор не се веќе дел од екипата на „Gossip Girl“

Популарната серија „Gossip Girl“ ќе продолжи без две свои учеснички – Тејлор Момсен и Џесика Зор. Актерките кои влегуваат во улогите на Џени Хамфри и Ванеса Абрамс соодветно, во петтата сезона нема да бидат во редовната екипа на серијата, туку само повремено ќе учествуваат како гостинки.

17-годишната Момсен ретко се појавуваше и во четвртата сезона, но сега веќе и официјално го напушта шоуто за да се посвети на пеењето и својата музичка група, „The Pretty Reckless“.

Актерите од Gossip Girl

Петте главни лика (Серена, Блер, Чак, Нејт и Ден) се враќаат наесен во новата сезона. Ним ќе им се придружи и Кејли Дефер (Чарли, братучетката на Серена).

Наскоро се очекува последната епизода од четвртата сезона на „Gossip Girl“, „The Wrong Goodbye“. Погледнете го промотивното видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.