Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Те сакаме“: Хиларија Болдвин со фотографија со седумте деца му го честиташе роденденот на Алек

„Те сакаме“: Хиларија Болдвин со фотографија со седумте деца му го честиташе роденденот на Алек

Хиларија и Алек Болдвин се гордеат со големото семејство кое заедно го создадоа.

39-годишната јога инструкторка сподели фотографија на која позираат со седумте деца за да му го честита 65-тиот роденден на Алек.

„Фотографија од нашата дивина, токму онакви какви што сме. Нека оваа година ти донесе мир, здравје и среќа. Среќни сме што сме покрај тебе... низ сè. Среќен роденден, Алек. Те сакаме“ – напиша таа.

Хиларија и Алек Болдвин

Алек подоцна на фотографија со Хиларија напиша: „Среќник сум“.

Хиларија и Алек Болдвин

Парот неодамна ја прослави 11-годишнината од веридбата.

„Пред 11 години се верив со прекрасно човечко суштество. 11 години, 7 деца и океан од спомени подоцна, те сакам Хиларија“ – напиша тој по повод годишнината.

Хиларија и Алек Болдвин Хиларија и Алек Болдвин

Хиларија и Алек се родители на Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (6), Ромео (4), Едуардо (2), Марија (2) и Иларија (6 месеци).

Алек исто така има уште една 27-годишна ќерка од бракот со Ким Бесинџер.

Хиларија и Алек Болдвин Хиларија и Алек Болдвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.