Дејвид и Викторија Бекам не пропуштаат да ги одбележат важните датуми од нивната врска и празниците.
По повод Денот на вљубените, кој денес се слави во многу земји од светот, парот сподели стари фотографии и кратки пораки на Instagram.
48-годишната дизајнерка и 47-годишниот поранешен фудбалер објавија три фотографии направени на почетокот од нивната романса.
„И по 26 години, сé уште си мој Валентин. Те сакам многу. Бакнежи“ – напиша Викторија.



Викторија и Дејвид започнаа да се состануваат во 1997 година, а стапија во брак две години подоцна. Тие заедно имаат четири деца: 23-годишниот Бруклин, 20-годишниот Ромео, 17-годишниот Круз и 11-годишната Харпер.
