Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тажна сум што никогаш повторно нема да бидам бремена: Криси Тиген со фотографија од телото и порака по загубата на бебето

Тажна сум што никогаш повторно нема да бидам бремена: Криси Тиген со фотографија од телото и порака по загубата на бебето

Криси Тиген полека закрепнува по загубата на бебето во 20-тиот месец од бременоста.

35-годишниот модел сподели дека сè уште има истакнато стомаче и дека тоа секојдневно ја потсетува на тоа каков можеше да ѝ биде животот доколку бременоста продолжеше во позитивен правец.

Тиген

„Ова сум јас и моето тело, токму вчера. Иако веќе не сум бремена, секој поглед во огледалото ме потсетува на она што можеше да биде. И искрено не знам зошто сè уште го имам ова стомаче. Ме фрустрира. Но, горда сум каде ова патување го однесе моето тело и мојот ум. Обожавам да сум трудна, многу, многу и тажна сум што нема да бидам бремена повторно. Но, среќна сум што ги имам овие две неверојатни малечки кои секој ден се трансформираат сè повеќе во мали луѓе. Како и да е. Ве сакам дечки“ – напиша таа.

Деновиве на интернет кружат фотографии од прошетка на Криси и Џон со пријатели. Многумина ја искористија приликата да изнудат негативни коментари за нејзината линија, без да ја земат предвид нивната неодамнешна семејна трагедија и физичките и психичките последици кои ги остава таа.

Тиген Тиген Тиген

Криси и Џон Леџенд јавно ја споделија тагата по загубата на бебето Џек. „Џек секогаш ќе биде сакан“ – напиша таа во емотивен есеј.

Славната двојка ги има 4-годишната ќерка Луна и 2-годишниот син Мајлс кои се зачнати со ин витро. Пред да имаат деца, тие 9 години неуспешно се обидувале да добијат принова.

Тиген Тиген Тиген Тиген

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.