Ребека Јанковска Ристески е на одмор со семејството. Македонската пејачка на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од летното уживање.
„Ние“ – напиша Ребека на фотографиите на кои позира со сопругот Мики, синот Маркијан, близнаците Макариј и Доротеј и нејзината мајка Роза.











Ребека се дистанцира од музичката кариера. Во изминативе години, таа е посветена активистка во улога на основач на здружението „Дајте ни крилја“, кое се стреми да овозможи соодветни услови за квалитетен живот на лицата со посебни потреби. Неретко Ребека поддржува најразлични хуманитарни акции и иницијативи за подигнување на свеста за различни болести.