Неодамна беше откриено дека Кристијано Роналдо стана татко на близнаци со помош на сурогат-мајка.
Легендарниот спортист сподели фотографија на која тој го држи синчето Матео, додека неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор ја држи во прегратка малата Ева.
„Благословен“ – напиша Роналдо во описот на фотографијата.


32-годишниот Португалец има целосно старателство над 7-годишниот син, но сè уште не е откриен идентитетот на неговата мајка.

Роналдо сподели и фотографии на кои го покажува мускулестото тело:
Неодамна, Роналдо беше фотографиран со сегашната девојка Џорџина Родригез, а нејзиното заоблено стомаче поттикна шпекулации дека таа е во блажена состојба.

Првично, гласините за бременоста започнаа кога Кристијано ја објави првата фотографија со Џорџина на Instagram, на која и двајцата го држат нејзиното стомаче.
