Софија Вергара и Џо Манганиело одлучија да се разделат. Славните актери беа во брак седум години.
Поранешните партнери ја потврдија веста за разводот за Page Six.
„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две лица кои се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно замолуваме за почитување на нашата приватност во овој период, додека се движиме низ оваа нова фаза во нашите животи“ – стои во нивното соопштение.

Веста за нивниот развод одекна кратко време по роденденскиот одмор на Вергара на Капри, каде беше без Џо и фотографирана без венчален прстен на раката.



