Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сопругата на Таско сподели неодоливи фотографии од првиот роденден на ќеркичката Кирјана

Сопругата на Таско сподели неодоливи фотографии од првиот роденден на ќеркичката Кирјана

Христијан Тасковски и неговата сопруга Наташа снимија семејна фотосесија за првиот роденден на ќеркичката Кирјана.

Дел од фотографиите, на Instagram ги сподели Наташа. На една од нив, слатката Кирјана позира со целото свое семејство, а на другите седи под голем балон со бројот 1.

Наташа Наташа Наташа Наташа

На видеото, колачето со роденденска свеќичка го јаде нејзиното 2-годишно братче Лукијан.

Наташа

По повод роденденот, Таско сподели и емотивна порака за Кирјана.

Не знам кај ќе нè носи патот низ животов. Но, знам дека кога надвор ќе врне, ќе бидам твојот чадор.

Кога ќе е ладно, ќе бидам тука да те стоплам.
Кога светот ќе се руши, ќе направам нов.
Кога животот ќе те бутка, ќе бидам позади тебе.
Неможам да бидам тука засекогаш, но ветувам дека сè дур дишам, ќе ја имаш мојата заштита, поддршка и љубов.

Среќен роденден крофно моја, и фала ти што ме направи подобар човек.

Таско и Наташа стапија во брак во 2022 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.