Славните личности сè почесто се соочуваат со негативни коментари за нивниот изглед кои кружат на интернет. Една од нив е Селена Гомез.
Младата пејачка и актерка им возврати на оние кои го критикуваат нејзиното тело. „Јас сум совршена онаква каква што сум“ – вели таа.

Во видео на социјалните мрежи, 29-годишната ѕвезда изјави:
„Се обидував да останам слаба, но отидов во „Jack in the Box“ и си купив четири такоси, три ролнички од јајца, паниран кромид и зачинет сендвич со пилешко. Но искрено, не се грижам за тежината, бидејќи луѓето секако ќе зборуваат. Премала си, преголема си, тоа не те собира“ – изјави Селена, а на крајот сподели моќна порака: „Јас сум совршена онаква каква што сум“.
Во интервју за „Вог“, минатата година Селена изјави дека нејзиното тело се менува многу поради дијагнозата со лупус.
„Тоа е поради лековите кои треба да ги земам до крајот на мојот живот – да бидам искрена тоа зависи дури и од месецот. Забележав кога луѓето почнаа да ме напаѓаат поради тоа. И во реалноста, тоа е мојата вистина. Се менувам во зависност од тоа што се случува во мојот живот“ – рекла Гомез.
Пред неколку дена, Селена беше гостинка во „Good Morning America“, каде изјави дека 4 и пол години не користела социјални мрежи и дека била многу посреќна поради тоа.
Сега, Селена се врати на социјалните мрежи со нова цел. Таа заедно со мајка си Менди и 26-годишната бизнисменка Даниела Пирсон ја основаа дигиталната платформа „Wondermind“, преку која се залагаат за подигање на свеста за менталното здравје.


