Бјанка Балти мамеше погледи на ревијата на Џорџо Армани во галеријата „Пинакотека Брера“ во Милано.
41-годишниот модел од првиот ред ја проследи ревијата заедно со сопругот Метју Мекреј. Убавата Италијанка изгледаше самоуверено и среќно со кратка коса месеци по завршувањето на хемотерапиите поради рак на јајници.
Бјанка и Метју носеа црни костуми од легендарниот италијански дизајнер кој почина минатиот месец.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Во јануари оваа година, Балти објави дека ја прими последната хемотерапија и дека се чувствува благословено. Сега, таа се обидува да ја подигне свеста за важноста на раното детектирање на ракот и се придружи на движењето „Ovaries. Talk About Them.“ кое се бори за да стане реалност првиот ДНК базиран тест за рано откривање на рак на јајници.
 
 
 
Во септември минатата година, Бјанка преку објава откри дека има рак на јајниците. Претходно, таа сподели дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот за развој на рак на дојки и јајници. Тогаш, таа направи превентивна операција за отстранување на градите.
Иако планирала да ги отстрани и јајниците, решила да ја одложи оваа процедура сакајќи да си ја зачува женственоста и можноста да има уште деца. Бјанка низ солзи зборуваше за тој момент од нејзиниот живот.
Убавиот модел има две ќерки – една од поранешниот брак со Кристијан Луциди и една со сегашниот сопруг Метју Мекреј.
 
 
		 

 
 
 
 
