Брус Вилис се радува на новата улога на дедо. 68-годишниот актер неодамна го доби своето прво внуче, а сега имаше сладок момент со бебенцето.
Неговата ќерка Румер сподели фотографии од славниот актер и малата Луета направени на Денот на таткото.

„Гледајќи го татко ми како ја држи ќерка ми денес беше нешто што ќе го ценам цел живот. Неговата сладост и љубов кон неа беше толку чиста и прекрасна. Тато, многу сум среќна што те имам, а исто е и Лу. Фала ти што си најзабавниот, најљубезниот и најкул татко што една девојка може да го посака“ – напиша Румер во описот на фотографиите.

Во февруари оваа година беше откриено дека Брус се соочува со деменција. Румер се породи на 18 април.

Вилис има пет ќерки - три од бракот со Деми Мур и две со сегашната сопруга Ема. Во нивното семејство повторно се роди женско бебенце.

