Пријанка Чопра и Ник Џонас пристигнаа со Мумбај, Индија, со малата ќеркичка Малти на покана на културниот центар „Нита Мукеш Амбани“.
Славниот пар присуствуваше на два настани на кои блесна во две стилски изданија. За првото појавување, Пријанка избра проѕирна креација од високата мода на либанскиот дизајнер Ели Сааб. Со сопругот го проследија премиерното прикажување на мјузиклот „Civilization to Nation“.









Нејзиното второ појавување беше на изложба на која беше прикажана индиската мода. Таа носеше шарено сари.













Пријанка и Ник пристигнаа во Индија пред неколку дена со едногодишната Малти, која ја добија со помош на сурогат-мајка.


