Скарлет Јохансон ја зачува втората бременост во тајност и роди момче.
Гордиот татко Колин Џост ја потврди радосната вест на Instagram со порака „ОК, ок, добивме бебе. Неговото име е Космо. Го сакаме многу“.

Ова е прво заедничко дете на познатата актерка и ѕвездата од „Saturday Night Live“. Скарлет има и 6-годишна ќерка од бракот со Ромен Дорјак.

Јохансон и Џост се верија во мај 2019 година по 2-годишна врска, а стапија во брак на интимна церемонија во октомври минатата година.
