Скарлет Јохансон и Колин Џост се заколнаа на вечна љубов. Славниот пар се венчал на интимна церемонија, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот.

Среќната вест беше објавена со молба до фановите да донираат за хуманитарната организација Meals on Wheels America, која се фокусира на помагање на стари лица.
35-годишната актерка и 38-годишниот комичар се во врска од мај 2017 година, а минатата година се верија.


Ова е трет брак на Скарлет, која прво беше во брачна заедница со актерот Рајан Рејнолдс, а потоа и со Французинот Ромен Дорјак со кого има 6-годишна ќерка.

