Фановите на шведското кралско семејство забележаа интересна сличност меѓу децата на принцезата Софија и принцот Карл Филип.
Фотографиите од крштевката на нивната 4-месечна ќерка Инес открија дека таа е вистинска копија на своето најголемо братче Александар. Фановите го споредија изгледот на принцезата Инес со оној на принцот Александар на денот на неговото крштевање, па невозможно е да не се забележи дека тие се потполно исти.


„Сличноста е неверојатна“, „Како близнаци“, „Неверојатно е колку си личат, преубави се“, „Исто лице“ – се само дел од коментарите.

Александар






Инес





Александар е прво дете на кралскиот пар, кој стапи во брак во 2015 година. Слаткото момче е родено во април 2016 година. Покрај Александар и Инес, Софија и Карл Филип имаат уште две деца – принцовите Габриел и Јулијан.

