Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Скарлет Јохансон и Метју Меконахи за „Dolce & Gabbana“

ВИДЕО: Скарлет Јохансон и Метју Меконахи за „Dolce & Gabbana“

Скарлет Јохансон и Метју Меконахи се заштитни лица на италијанскиот бренд „Dolce & Gabbana“ за парфемите „The One“.

Скарлет Јохансон и Метју Меконахи Скарлет Јохансон и Метју Меконахи

Холивудските ѕвезди ги имаат главните улоги во краткиот филм „Street of Dreams“, режиран од Мартин Скорсезе. Црно-белиот филм следи средба на поранешни љубовници во Њујорк.

Доменико Долче и Стефано Габана накратко објасниле зошто ги избрале токму Скарлет и Метју. „Има невиност во нејзините очи, а сепак насмевката ѝ е преплетена со палавост. Таа е талентирана актерка и прекрасна жена“ – изјавил Долче.

„Метју е ултимативниот шармер. Тој е неверојатен актер и многу згоден маж чиј привлечен изглед како да се подобрува со текот на годините“ – објаснил Габана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.