Почетна » Новости » Актуелно » Компанијата КАМ - посветен партнер на македонската економија

Компанијата КАМ - посветен партнер на македонската економија

КАМ - македонскиот бр. 1 малопродажен синџир, продолжува да го поддржува развојот на македонската економија преку соработка со голем број домашни производители и пласман на нивните производи на домашниот пазар како и во регионот.

KAM соработува со повеќе од 160 домашни производители, а на македонскиот пазар во 2024 година пласирал домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Речиси 3 милиони евра е извозот што во 2024 годинаго реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и Косово.

Кам

„Поддршката на домашното производство е клучен двигател на економскиот развој. Горди сме што соработуваме со голем број македонски производители, нудејќи им стабилен пласман и фер услови за раст. Оваа соработка не само што овозможува свежи и квалитетни производи на нашите рафтови, туку и директно придонесува за отворање на нови работни места и зајакнување на локалните економии низ целата држава. Како компанија, остануваме посветени на создавање вредност дома – за производителите, за потрошувачите и за заедницата во целина“ – велат од КАМ.

Исто така, според податоците од „Бизнис Мрежа“, компанијата и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири со повеќе од 1400 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.

Во моментов, компанијата функционира со 85 маркети во Македонија и 26 маркети во Бугарија.Во Македонија, КАМ минатата година остварил приход од над 298 милиони евра и профит од речиси 7 милиони евра. Вложувањето во модернизација на продажната мрежа и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26661 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.