Скарлет Јохансон го прифати предлогот за брак од Колин Џост по 2-годишна врска.
Веста за свршувачката на 34-годишната актерка и 36-годишниот актер ја пренесе Washington Post. Според информациите, тие сè уште немаат избрано датум за свадба.


Парот е во врска од јули 2017 година.


Ова ќе биде прв брак за Џост, а трет за Јохансон. Таа претходно беше во брак со Рајан Рејнолдс и Ромен Дорјак, со кого има и една ќерка.


