Сиара е повторно во блажена состојба. Славната пејачка ја откри убавата вест со видео од својата силуета.
Во него, музичката ѕвезда стои покрај базен и бавно танцувајќи се врати на левата страна и го покажува пораснатото стомче. „Кога ќе ме погледнеш така, правиме уште едно дете“ – се зборовите кои ги пее Сиара во песната поставена на видеото.

Ова е нејзино трето дете со сопругот Расел Вилсон. Таа има уште еден син со раперот Фјучр, со кого беше верена во 2013 година.


Сиара и Расел стапија во брак во 2020 година.



