Сиара го роди своето трето дете.
34-годишната пејачка сподели видео од болница со синчето кое го доби името Вин. Бебето се родило тешко 3,6 килограми. Тоа е нејзино второ дете со Расел Вилсон, со кого ја имаат и ќеркичката Сиена. Сиара има и син со раперот Фјучр.
„Среќен роденден ВИН!!! Мама и Тато те сакаат. Вин Харисон Вилсон“ – напиша таа во описот на видеото.
Фотографија на Instagram сподели и Расел.
Сиара и Расел се заедно од 2015 година, а во јули 2016 стапија во брак.


