Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првата свадбена фотографија на Сиара која се венча во фустан од високата мода на Роберто Кавали

Првата свадбена фотографија на Сиара која се венча во фустан од високата мода на Роберто Кавали

Сиара и Расел Вилсон запливаа во брачните води. 30-годишната пејачка и 27-годишниот спортист се заколнаа на вечна љубов на свадбена церемонија која се одржа во Пекфортонскиот замок во Чешир, Англија.

Славната музичарка за најважниот ден од својот живот избра венчаница од високата мода на модната куќа Roberto Cavalli, дизајнирана од својот пријател Питер Дандас. Младоженецот го изговори судбоносното „Да“ во костум од Giorgio Armani.

Свадбата на Сиара и Расел

На свадбената церемонија присуствувале бројни славни гости, меѓу кои Кели Роланд, Џенифер Хадсон и Лала Антони.

Сиара Свадбата на Сиара и Расел Свадбата на Сиара и Расел

Сиара и Расел се во врска од април минатата година, а се верија во март оваа година. Тие привлекоа големо внимание откако споделија дека нема да имаат сексуални односи пред бракот поради религиозни причини.

Сиара има мал син со раперот Фјучр, со кого се вери во 2013 година.

Свадбата на Сиара и Расел Свадбата на Сиара и Расел

Ѕирнете во замокот во кој се одржа свадбената прослава.

Свадбата на Сиара и Расел Свадбата на Сиара и Расел Свадбата на Сиара и Расел Свадбата на Сиара и Расел Свадбата на Сиара и Расел Свадбата на Сиара и Расел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.