Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сестрите Пенелопе и Моника Круз на премиера на документарен филм за деца со леукемија во Мадрид

Сестрите Пенелопе и Моника Круз на премиера на документарен филм за деца со леукемија во Мадрид

Пенелопе и Моника Круз присуствуваа на премиерата на документарниот филм „Soy Uno Entre Cien Mil“ во Мадрид, Шпанија.

Стилското дуо го привлече вниманието кон филмот за деца со леукемија, кој е режиран од самата Пенелопе.

Со својот прв документарен филм, славната сопруга на Хавиер Бардем се надева дека ќе охрабри што повеќе луѓе да работат на истражувањето на ракот и да пронајдат лек за оваа тешка болест.

Пенелопе и Моника Круз Пенелопе и Моника Круз Пенелопе и Моника Круз Пенелопе и Моника Круз

Кога го најави снимањето на документарецот, Пенелопе изјави: „Мојата цел е да ја подигнам свеста за оваа чувствителна тема. Наскоро ќе ги запознам децата. Некои од нив ја имаат победено болеста, а другите сè уште работат на тоа. Јас ќе бидам само набљудувач и тие ќе бидат оние кои му кажуваат на светот што се случува. Секако дека ќе биде тешко, бидејќи ќе минувам многу време со дечиња кои се борат со тоа. Тие се деца кои ќе споделат со мене колку е ужасно тоа што им се случува“.

Пенелопе и Моника Круз Пенелопе и Моника Круз Пенелопе и Моника Круз Пенелопе и Моника Круз Пенелопе и Моника Круз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.